Костадиновска-Стојчевска: Младите со цртежи, графити и мурали ги покрија лошите пароли со говор на омраза

– Со цртежи, графити и мурали, младите битолчани ги покрија паролите со говор на омраза напишани на ѕидовите на две училишта и една градинка.

-Наместо омраза, сега на ѕидовите на две училишта и една градинка гледаме убави бои, креативност и младински ентузијазам. Вака почна 22. издание на Меѓународниот арт фестивал „Битола отворен град“, кој ги слави музиката, уметноста и волонтерството, напиша министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска на „Фејсбук“ појаснувајќи дека инсталацијата „Битолските ѕидови – уметнички крик против говорот на омраза преку графити и цртежи“ е исцртана на училиштата „Таки Даскало“ и „Стив Наумов“ и градинката „Пролет“.

Во статусот стои дека младите испорачале конкретни решенија за надминување на омразата и дека нивниот глас е силен, нивниот став видлив и продира низ целата држава.