Путин повика на јакнење на механизмот за превенција од ширење на биолошкото оружје

 – Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес повика на јакнење на механизмот за превенција од ширење на биолошкото оружје, нагласувајќи ја важноста од запирање на кршењето на Конвенцијата за биолошко оружје.

Во воведното обраќање на дводневната 4. Меѓународна конвенција за глобалните закани кон биолошката безбедност, што се одржува во Сочи, Путин рече дека е неопходно за се запре кршењето на Конвенцијата за биолошко оружје.

„Во последно време, принципите одобрени со овој темелен документ систематски се кршат. На корисните иницијативи за јакнење на релевантниот режим на неширење на оружјето често се противат низа држави кои настојуваат да ги искористат постоечките проблеми за да си осигурат сопствена биолошка безбедност на штета на другите“, рече рускиот претседател.

„Русија се залага за јакнење на наднационалните механизми за спречување на развојот и ширењето на биолошкото и токсичното оружје, наведувајќи го фактот дека меѓународната соработка за таа цел треба да се одвива на рамноправна основа, со сето почитување на суверенитетот на сите држави“, нагласи Путин.

Тој истакна дека исто така е важно да се зголемат колективните напори на светската заедница во борбата против епидемијата.

Путин ја повтори подготвеноста на Русија да го продолжи активното учество во елиминацијата на избивањето на опасните инфекции во различни делови од светот.