Коста К. точно знаел како работат српските инспектори !? Соседните медиуми објавија страшни детали – еве што правело момчето-убиец на само два дена пред масакарот
Дека Коста К. (13 г.) внимателно го подготвил својот масакар извршен во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, потврди и друго откритие на истражните органи, пишува Blic.rs.
Два дена пред масовното убиство ја исклучил безбедносната камера во станот за зад себе да остави што помалку траги, тврди информиран извор за Blic.rs.
Покрај сите информации за неговите интереси, пребарувањата на интернет, книгите што ги читал, истражните органи откриле уште неколку важни детали.
„Утврдено е дека на 1. мај, односно два дена пред да упадне во училиштето и да отвори оган кон чуварот и учениците, ја исклучил безбедносната камера во станот, со што органите немаат увид во просторијата со плакарот. Во тој плакар бил сефот на татко му. Сефот има шифра, а во него татко му чувал оружје и муниција. Момчето ја знаело таа шифра бидејќи станувало збор за патен сеф кој семејството често го користел“, открива изворот за Blic.rs.
Тој додава дека вака момчето ги украл двата пиштоли, кои ги однел со него во училиштето на 3. мај.
„Сака криминални серии, како што е ‘Criminal Minds‘, а во неколку епизоди од оваа серија убиецот му ги брише трагите исклучувајќи ја внатрешната камера во куќата. Знаел дека српските форензичари ќе ги прегледаат сите видео снимки, вклучително и оние од станот каде што го гледаат како го зема оружјето. Неверојатно е што ова убиство толку прецизно го подготвило 13-годишно момче“, открил изворот.
Кога по апсењето на момчето-убиец почна да се расплетува плетката од злосторствата, ниту најискусните инспектори на МВР на Србија не можеле да поверуваат кого имаат пред себе. Извештаите од училиштето укажуваат дека тој е натпросечно интелигентно момче кое се интересира за спорт, но е вешто и во ракување со информатичките технологии.
„Сега е јасно дека тој можел да управува со опремата за безбедносен надзор во станот и да ги вклучува и исклучува камерите по потреба“, забележува овој извор.
Момчето го планирало злосторството најмалку еден месец, покажуваат резултатите од досегашната истрага. Направил список на луѓе кои планирал да ги убие. Во просторијата имал и хартии од кои се гледа дека реботел на план за спроведување на своите намери. На еден лист се гледа дека нацртал план на училиштето „Владислав Рибникар“, и го поделил според катовите каде што имало часови секоја паралелка, а на лист хартија ги напишал и кои се неговите „приоритетни цели“.
Исто така познато е дека непосредно пред злосторството, момчето на интернет го пребарало Кривичниот законик на Србија за да истражи дали децата можат кривично да одговараат.