Костенот лекува дури 13 болести: Плод што го чува срцето и бубрезите, полн е со магнезиум и витамин Ц!
Есенската сезона го носи плодот што е многу здрав и корисен кога станува збор за хранливи материи, минерали и витамини. Со доаѓањето на есента, костенот станува еден од најчестите десерти и состојки во јадењата.
Како и другите јаткасти плодови и костенот содржи масти, но во многу помала количина. Не дебелее и содржи витамини што одлично влијаат врз организмот. Здравата количина на костени дневно, за да може да ги искористите сите негови позитивни својства, е 85 грама.
Хранливи својства на костенот
Костенот содржи само еден грам масти и помалку од 70 калории на 30 грама. Содржи и витамин Ц, што го прави посебен. Дневната доза од 85 грама костени содржи дури 45% од дневната потреба на организмот за витамин Ц.
Плодот на костенот е богат со фолати, што инаку е карактеристично за зелениот листест зеленчук. Во него покрај витамин Ц, ќе најдете витамини Б1, Б2 и Б6 и фолна киселина. Таа е заслужна за формирање црвени крвни зрнца и за синтеза на ДНК. Ова е добра храна за трудниците, бидејќи ја спречува појавата на аномалии кај фетусот.
Ако јадете костени, во организмот ќе внесете и важни материи како влакна, магнезиум, манган, калциум, железо, цинк и калиум.
Влакната од костени ќе ви помогнат да го намалите нивото на холестерол. Од костенот може да се направи и брашно и пире, бидејќи како и лешникот и бадемот, не содржи глутен. Од друга страна, има поголем процент на скроб, поради што е посличен на компирот и пченката.
Костенот како лек
Овој плод може да го јадете сварен, печен, како пире или приготвен во чај. Во кој било облик, ќе го почувствувате неговиот интересен вкус и ќе ги добиете сите хранливи вредности
Чај од костени
Костените се познати по тоа што помагаат во случај на дигестивни и бубрежни проблеми. Чајот од костени помага за симптоми од астма и бронхитис.
Див костен за вени
Важно е да знаете да разликувате див од домашен костен, бидејќи дивиот не се јаде. Без оглед на тоа, од него се прават разни тинктури и кремови, бидејќи и тој е многу лековит. Дивиот костен како лек се користи при проблеми со проширени вени и испукани капилари, кај хемороиди, болни менструации и зголемена простата.
Костенот го штити срцето
Костенот содржи високо ниво на моно-незаситени масти, како што се оленската и палмитинската. Тие го штитат кардиоваскуларниот систем и заедно со влакната во костенот, може да го намалат нивото на холестеролот.
Го исфрла вишокот вода
Костенот има својство да ја исфрла водата од организмот, па така помага и во случај на бубрежни и желудочни тегоби. Помага за циркулација и проток на храната низ цревата, како и водата.
Дејствува антивоспалително
Поради своите антивоспалителни својства, костенот е идеален производ за луѓето што страдаат од артритис и реума.