Изгоре зграда во Охрид, едно лице го загуби животот

Територијалната противпожарна единица на општина Охрид соопштува дека денеска во раните утрински часови интервенирала во запален приватен објект во фаза на горење, во село Требениште – општина Дебарца.

При интервенцијата, нагласуваат, од таму биле извадени две лица со лесни изгореници и телесни повреди.

Во истиот објект е пронајдено и мртво лице“, додаваат од Територијалната противпожарна единица на општина Охрид.