Без струја утре делови од Карпош, Аеродром и Студеничани

 Без електрична енергија утре ќе бидат повеќе делови од општините Карпош, Аеродром и Кисела Вода, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

Во општина Карпош, според добиено известување од ЕВН Македонија АД без струја во периодот од 09.00 до 11.00 часот без струја ќе бидат корисниците од улица „Милан Марковиќ“, како и дел од корисниците од улица „Миле Поп Јорданов“, од 09.00 до 12.00 часот корисниците од улица „Лондонска“ бр.4 – влез 1 – зградата на БИСИ, а во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улица „Јуриј Гагарин“ бр.17 – влез 1, улица „Васил Ѓоргов“ бр.26 и бр.47, како и објектите на Центарот за Рехабилитација, дирекција Бетон и старата амбуланта.

Во периодот од 09.00 до 14.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улица „Јустинијан Први“ лоцирани на излезот кон село Студеничани, во општина Кисела Вода.

Без струја во периодот од 09.00 до 15.00 часот, ќе бидат корисниците од улица „Божин Николов – Силни“ лоцирани на потегот од основното училиште до каналот, во општина Аеродром.