Ники Минаж сподели видео од Миљана Кулиќ: Поранешната учесничка на ,,Задруга” стана светски позната, цела планета зборува за ова (фото)

Миљана Кулиќ продолжи да предизвикува бурни реакции и откако беше дисквалификувана од ,,Задруга 6″, а видеата од нејзините настапи во клубовите во странство ги преплавија социјалните мрежи. Нешто поинаков клип од нејзиното гостување во една емисија ја воодушеви и светски познатата пејачка.

Популарната раперка Ники Минаж го изненади цел Балкан кога на нејзиниот Твитер профил се појави видео на Миљана Кулиќ од шоуто „Narod pita“, а заедно со него додаде и дел од текстот на песната „City Girls and JT“ наречен „Нo bars“.