Се појавија шокантни фотографии од убиениот Оки! Седи рамо до рамо со Претседателот Пендаровски: Која е нивната поврзаност!? (фото)

Во несреќата која се случи рано изутрина во грчкото одморалиште Ханиоти, животот го загуби македонскиот граѓанин Орханин Бајрами а неговиот пријател Сеад Слезовиќ беше тешко ранет.

И двајцата уште претходно беа поврзувани со криминални дејствија во Македонија и на Балканот.

Според неофицијалните податоци убиениот Орхан Бајрами  бил сопственик на казино во Македонија, а во него пукале лица на мотор кои се приближиле до апартманот каде престојувал заедно со Слезовиќ. Требало да се одјават од собата во 12 на пладне а неофицијално во Грција биле бидејќи бегале и им била најавена ликвидација.

Грчките медиуми пренесуваат и дека негов бизнис партнер неодамна бил егзекутиран во соседна држава.

Она што е најинтересно во моментов се сликите кои се појавија на убиениот Оки со Претседателот на Р.С. Македонија, Стево Пендаровски.

-Каква е нивната поврзаност е клучно прашање на кое одговорот треба да го даде Претседателот Пендаровски.

За ова се огласија и од Кабинетот на Претседателот Пендаровски:

Убиениот Орхан Бајрами – Оки се фотографирал со претседателот на државата, Стево Пендаровски, но никогаш не седнал во негово друштво на маса. Од претседателскиот кабинет за „Макфакс“ посочуваат дека Пендаровски се фотографирал со сите кои ќе побарале. Според нив, фотографијата е направена пред четири години, за време на кампањата за претседателските избори.

Прашани како може Пендаровски да биде во друштво на водичи на нарко-кланови, како што се сметаше Оки, тие рекоа дека безбедносни проценки за лица кои спонтано приоѓаат за фотографирање не се прават.

,,Претседателот Стево Пендаровски, за време на изборната кампања на претседателските избори во 2019 година, посети населени места на целата територија на државата, при што се фотографираше со сите граѓани што тоа ќе го побараа од него. Како што може да се види, претседателот не е седнат во друштво на посочените лица, туку е фотографиран стоејќи. Претседателот Пендаровски е фотографиран на барање на лицата од посочената фотографија и лично не се познавал со нив“, велат од Кабинетот на Пендаровски за „Макфакс“.

Тие посочуваат дека имало само фотографија, но не и разговор. Додаваат дека проценки со кого да се фотографира претседателот или во тоа време кандидатот на претседателот – не се прават од страна на МВР.

„Во однос на безбедносните проценки, се правеле проверки и проценки за средбите што ги имал кандидатот за претседател во тоа време, но такви проценки не се прават и не можат да се прават за лица кои спонтано приоѓаат заради фотографирање со кандидатот“, додаваат од Кабинетот за „Макфакс“.