Костовски: СДСМ ги поддржува протестите на граѓанската иницијатива „Кој е следен?”

СДСМ ги поддржува протестите на граѓанското движење „Кој е следен?“, изјави денеска секретарот на СДСМ, Мартин Костовски.

„СДСМ ги слуша, разбира и поддржува барањата на граѓанското движење „Кој е следен?“ Мислам дека се легитимни, правични и пред сè неопходни“, рече Костовски.

Тој рече дека тоа не се барања на самата граѓанска иницијатива, туку се барања на сите граѓани.

„Тоа се гласна генерација која поставува суштинско прашање: дали некој ќе одговара за ова? И да, време е да се даде целосна, а не селективна одговорност“, рече Костовски.

Костовски вели дека се надева дека Владата и Обвинителството ќе ги прифатат овие барања за кои многу млади маршираат на улица.