Коцевски: Издадена е наредба за апсење на уште седум полицајци во врска со пожарот во Кочани

Уште седум полицајци ќе бидат приведени во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вечерва соопшти дека донел наредба за притвор на седуммина млади полицајци, кои утре ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

„За тоа кои се тие полицајци и што е дел од истрагата, за дел од нив јавното обвинителство веќе има отворено истрага, но ќе кажам дека сега, ми кажуваат дека за уште седуммина полицајци е распишана потерница и утре ќе бидат изведени пред јавен обвинител, а потоа и пред судија на претходна постапка“, рече Коцевски.

Дискотеката „Пулс“ не само што ѝ беше позната на полицијата, туку и беше позната на целиот град. Тоа го знаеше и локалната самоуправа, го знаеше и сите надлежни институции што требаше да функционираат. Што значи дека 13 години не е извршен никаков увид во објектот во Кочани“, вели државниот обвинител Љупчо Коцевски во интервју за „Телма“.