Совршен десерт за денеска – сочен, а сепак толку вкусен
Состојки за кора:
- 2 и пол чаши брашно
- 1 шолја масло
- 400 мл млеко
- 1 шолја мелени ореви
- 2 чаши шеќер
- 3 јајца
- 1 прашок за пециво
Состојки за филот :
- 6 супени лажици вода
- 10 лажици шеќер
- 50 гр чоколадо за готвење
- 125 грама путер
- 1 ванилин шеќер
Подготовка: Се матат јајцата и шеќерот, па се додаваат маслото, млекото, брашното, прашокот за пециво. Сè убаво измешајте и печете во загреана рерна на 190 степени околу 40 минути.
Додека колачот се пече, а потоа се лади, направете го филот мешајќи вода и шеќер, потоа додадете путер и чоколадо за готвење, како и ванилин шеќер. Добиениот фил прелијте го колачот, посипете со ореви и изладете.