КОШМАРИТЕ МОЖЕ ДА БИДАТ ЗНАК ЗА ОВАА ЗЛOБНА БОЛЕСТ: Ако ги имате често, консултирајте се со лекар, а еве кога мора да реагирате

Интензивните и често застрашувачки кошмари , кои понекогаш траат дури и во текот на денот, може да бидат знак за појава на системски автоимуни болести како што се лупус и ревматоиден артритис, тврди новата студија објавена во списанието „eClinicalMedicine“. Овие необични симптоми може да укажуваат и на тоа дека веќе постоечката болест може интензивно да се влоши и да бара медицинска терапија.

Влијание врз секојдневниот живот

Лупус е долгорочна болест која го нарушува имунолошкиот систем, напаѓајќи го здравото ткиво и предизвикува воспаление и болка во кој било дел од телото, вклучувајќи ги и крвните клетки, мозокот, срцето, зглобовите, мускулите, бубрезите, црниот дроб и белите дробови.

„Проблемите со когнитивните функции и многу други невропсихијатриски симптоми можат да имаат огромно влијание врз животите на луѓето , нивната способност за работа, социјалните активности и општото функционирање“, вели Мелани Слоун, истражувач од Универзитетот во Кембриџ, како што објави Си-Ен-Ен.

Болести на дојка и автоимуни болести

Студијата покажа дека пациентите со лупус и други ревматолошки заболувања често доживуваат интензивни и вознемирувачки кошмари непосредно пред да се појават халуцинации. Овие соништа често вклучуваат паѓање, напади, чувство на заробеништво, па дури и извршување на убиство и може да бидат показател за претстојното влошување на болеста.

Невообичаени симптоми

Иако кошмарите и дневните халуцинации не се вклучени во дијагностичките критериуми за лупус и други болести, истражувачите ја нагласуваат важноста од препознавање на овие симптоми за да се овозможи рано откривање и лекување на егзацербации на болеста кои можат да бидат опасни по живот.

Поттикнување на отворен разговор

Иако е нормално да имате повремени кошмари и дневни халуцинации, доколку тие се јавуваат интензивно и се придружени со други симптоми како што се екстремен замор, главоболки и други знаци на автоимуни болести, важно е ова отворено да се разговара со лекар. Пациентите не треба да се плашат или да се чувствуваат непријатно да зборуваат за овие симптоми, бидејќи тоа може да доведе до порано дијагностицирање на автоимуни болести.