Која е Алина, девојчето кое беше инспирација за убиецот од Прага!? Убила едно лице на училиште па се самоубила: Таа не уби доволно луѓе ама многу ми помогна (фото/видео)
Дејвид Козак студент на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во Прага, во четвртокот уби 15 лица и рани 30 во зградата на факултетот, наводно инспириран од пукање во училиште во Русија.
Како што пишува „Тајмс“, заклучокот за тоа каква инспирација бил донесен е врз основа на објавите на Козак на мрежата Телеграм каде тој наводно објавил дека „Алина Афанаскина премногу му помогнала“.
„Отсекогаш сакав да убивам, мислев дека во иднина ќе станам манијак. Сфатив дека е многу поисплатливо да се прави масовно убиство отколку сериско. Седнав. Чекав. Сонував. Сакав… но Алина стана Последната точка. Како да ми дојде помош од рајот токму на време“, наводно напишал тој на таа социјална мрежа.
Училишно пукање
Да потсетиме, во пукањето во училиштето во Брјанск, Русија, што се случи на почетокот на месецов, загина едно девојче, додека пет ученици се повредени. По пукањето, Алина изврши самоубиство.
Алина Афанаскина тој ден доцнела, влегла во училницата каде била и нејзината сестра близначка. Двете сестри оделе заедно на училиште, иако иследниците сугерирале дека сестрата веројатно не била свесна за плановите на Алина. Пукањето се случило во гимназијата.
– Слушнавме звуци, лупање, мислевме дека топката удри во ѕид, мислевме дека доаѓа од часот по физичко. Но, наставникот излезе во салата и рече: „Не, ова е нешто страшно“. И две девојки дојдоа по неа. Рекоа дека има пукање… Почнаа да се забарикадираат. Момчињата ја блокираа вратата со маси, едно од девојчињата повика полиција – изјави тогаш еден ученик.
Според руските медиуми, учениците изјавиле дека девојчето е „многу чудно, не била активна на социјалните мрежи и речиси не комуницирала со соучениците“.
Ловечкото оружје од кое е извршено пукањето е регистрирано на таткото на девојчето.
Рече дека не убила доволно луѓе
Дејвид наводно на социјалната мрежа Телеграм изјавил дека ќе изврши масакр на универзитетот и дека можеби ќе се самоубие. Пишуваше на руски, а истакна дека е инспириран од Алина. Тој наводно напишал дека таа не убила доволно луѓе и дека наводно ќе се обиде да го поправи тоа.
„Таа многу ми помогна“, наводно напишал Дејвид на Телеграм, додавајќи дека отсекогаш сакал да убие некого.
Тој напиша дека ги мрази сите и дека сите го мразат и дека планира да остави што повеќе болка. Последниот пост датира од 19 декември кога пишува за неподносливо зуење во ушите.
Полицијата соопшти дека истражува дали профилот е навистина поврзан со лицето кое го изврши масакрот во строгиот центар на Прага. Ништо, засега, не е официјално потврдено.