Која е жената која Бред Пит прв ја покажа на црвениот тепих по разводот со Анџелина Џоли? Таа беше мажена за актер и работи со скапоцени камења
Актерот и неговата 26 години помлада партнерка Инес де Рамон се заедно две години, а сега заедно пристигнаа во Венеција каде таа блесна во едноставен, но впечатлив фустан.
Венеција е позната како еден од најромантичните градови во светот, па не е чудно што актерот Бред Пит (60) за прв пат се појави таму со својата девојка Инес де Рамон (34) на црвениот тепих. Тоа беше последната вечер на филмскиот фестивал во Венеција, а друштво им правеа најдобриот пријател и колега на Бред Џорџ Клуни (63) и неговата сопруга Амал (46). Тоа беше едно незаборавно двојно излегување за кое сигурно уште долго ќе се зборува, а кое се најде на насловните страници на светските медиуми. Актерите беа таму за да го промовираат нивниот најнов филм „Волци“ , а нивните поубави половини дојдоа да ги поддржат. Инес блескаше во бел фустан од Entire Studios, додека нејзиниот убавец го украде шоуто во темен костум на Луј Витон.
Двојката официјално ја потврди врската кон крајот на 2022 година, се запознаа преку заеднички пријатели, а дизајнерката на накит е првата жена со која миленикот на Холивуд започна сериозна врска, по разводот со Анџелина Џоли во 2016 година. Инес има и пропаднат брак зад себе, со колегата на Бред, ѕвездата од „Вампирски дневници“, Пол Весли , со кого се омажи во 2019 година на интимна церемонија, но бракот не траеше долго, па се разведоа три години подоцна. „Одлуката за разделба е взаемна и се случи пред пет месеци. Тие бараат приватност во овој момент“, изјави тогаш нивниот претставник за медиуми. Истата година, таа и Бред беа фотографирани заедно за прв пат на концертот на Боно Вокс во Лос Анџелес, каде што се дружеа со манекенката Синди Крафорд и нејзиниот сопруг Ранде Гербер, актерот Шон Пен и претприемачката Виви Нева. Странските медиуми тогаш пишуваа дека актерот ја однел својата нова девојка на премиерата на филмот „Вавилон“ , а иако не поминале заедно на црвениот тепих, таа подоцна му се придружила на афтер забавата.
Инес е по потекло од Њу Џерси, а дипломирала бизнис администрација на Универзитетот во Женева во 2013 година и има сертификат како тренер за нутритивно здравје од Институтот за интегративна исхрана. Според информациите достапни на нејзиниот профил на LinkedIn, од 2020 година таа е шефица на големопродажба на Anita Ko Jewelry во Лос Анџелес, која има славни клиенти меѓу кои и Кортни Кардашијан и Хејли Бибер, а претходно работела во Кристи, одделот на луксузниот швајцарски производител на накит Де Грисогоно. Течно го зборува францускиот јазик и повеќето нејзини објави на социјалните мрежи се на него, а добро зборува и германски и италијански.