Која е Ирина, сопругата на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, која заврши на американската црна листа?
Според последниот историјат на промени, три години подоцна, двете фирми се бришат од сопственичката структура, а како управител понатаму не фигурира Камчев, туку од 26 јуни, 2019 на сопственичкото и на управителското столче седнува Ирина Самсоненко, сопруга на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, познат како близок пријател и бизнис-партнер на Камчев. Компанијата „Лајф Кеар центер“ е една од фирмите, која беше опфатена со санкциите.
Пред три дена на американската црна листа завршија и рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко и неговата сопруга Ирина, која за разлика од нејзиниот маж, малку и е позната на јавноста.
„Фокус“ во неколку наврати има пишувано за сопругата на еден од најпознатите руски бизнисмени и пријатели на Орце Камчев, кој исто така пред неколку месеци се најде на црната листа на САД.
За двајцата бизнсимени објавивме серијал на текстови, поврзани со нивните фирми и нивната работа. Истражувањето постепено не однесе и до Ирина Самсоненко, кој сепак воопшто не беше позната, а ниту се знаеше нејзината улога во бизнисот на нејзиниот сопруг и Камчев.