Која е Марта Фасцина, на која контроверзниот Берлускони и оставил 100 милиони евра?

Поранешниот италијански премиер и контроверзен претприемач минатата година се сврши со 53 години помладата негова колешка од партијата, која три години му беше официјална придружничка.

Никогаш нема да дознаеме дали на контроверзниот италијански милијардер Силвио Берлускони му здодеало од моќ, пари и жени – трите работи на кои го посветил својот долг и плоден живот. Но, сега е сосема јасно како поранешниот италијански премиер, медиумски магнат и екс сопственик на фудбалскиот клуб Милан, го подели своето огромно богатство, чија вредност во моментот на неговата смрт на 12 јуни – почина три месеци пред својот 87-ми роденден – беше проценет на речиси 7 милијарди долари.

Во канцеларијата на адвокатот беше отпечатен тестаментот на Берлускони и прочитана неговата последна желба, според која и тој оставил 100 милиони евра на својата последна животна сопатничка, 33-годишната Марта Фасцина. Тој му оставил триесет милиони евра на својот советник, поранешниот сенатор и пријател Марчело Дел Утри, кој бил шокиран од оваа бројка, а сто милиони долари наследил и помладиот брат на Берлускони, Паоло. Двете најстари деца, Марина и Пјер Силвио, добија 53 отсто од сопственоста во Фининвест, поделени на два еднакви дела, додека остатокот е подеднакво поделен меѓу неговите три преостанати деца, Барбара, Елеонора и Луиџи.

Тестаментот е рачно напишан во жолт тефтер и потпишан на 2 октомври минатата година, а русокосата Марта Фасцина од Калабрија е, сите се согласуваат, најголем добитник. Таа беше назначена за официјална придружничка на Силвио Берлускони пред три години, кога портпаролот на партијата Форца Италија во официјално соопштение ја именуваше за нов партнер и официјален придружник на партискиот лидер.

Но, врската ја започнаа пред тоа, бидејќи Марта Фасцина со интервенција на Берлускони заработи место на партиската листа, што и овозможи да стане пратеник. Иако ги делеше повеќе од половина век разлика во годините, огнената жена од Калабрија и еден од најбогатите Италијанци не криеја во јавноста колку си значат еден на друг, па се однесуваа како љубовници на улица и во ресторани. Минатата година, на пример, Марта го бакна Силвио во уста за време на оброк во ресторанот во Galleria Vittorio Emmanuele во Милано.

Покрај тоа, тие често патувале со приватниот авион и хеликоптер на Берлускони, а Марта насекаде со себе ги носела двата бели бишони од кои не се дели ниту за време на собраниските седници. Марта Фасцина е родена на 9 јануари 1990 година во градот Мелито ди Порто Салво, денес дел од урбаниот конгломерат на најголемиот калабриски град, Реџо Калабрија, а дипломирала литература на Универзитетот Сапиенца во Рим. Заедно со студиите, таа политички се вклучи во партијата Форца Италија, а нејзиниот ненаситен љубовник Силвио Берлускони не можеше да одолее на нејзината младост и убавина. Поради Марта раскинал со неговата претходна свршеница Франческа Паскале, а од браковите со Карла Дал’Ољо и актерката Вероника Ларио имал пет деца и тринаесет внуци.