Јотова ја повикува Македонија да ги вклучи Бугарите во Уставот

Потпретседателката на Бугарија, Илјана Јотова, во интервју за бугарски медиум изјави дека се надева оти новата бугарска влада ќе продолжи да ја брани бугарската позиција во Северна Македонија.

Се надевам дека новата Влада нема да се откаже од бугарскиот став кој неколкупати е потврден во различни институции, рече Јотова.

Таа истакна дека не е оптимист бидејќи видела некои сомнежи кај европските партнери и дека темата Македонија е застарена.

За нас ова е тема од национален интерес“, рече Јотова, повикувајќи ја Македонија да го исполни условот и да ги вклучи Бугарите во Уставот.