Која е најсреќната, а која најнесреќната земја од ЕУ?

Податоците на Евростат покажаа каде е најдобро да се живее

Австрија е прогласена за најсреќна земја во ЕУ во 2022 година, покажуваат податоците на Евростат.

Бугарија е најнесреќна .

Индексот на задоволство од животот во Австрија е 7,9 од 10, а потоа следат Полска, Финска и Романија со 7,7.

Најмал показател има Бугарија, која е единствената земја во Европската унија чиј индекс на задоволство е под 6 – 5,6.

Генерално, граѓаните на ЕУ се сосема задоволни од својот живот (7,1 од 10). 
Италија, Шпанија и Франција, некои од најголемите економии во ЕУ, имаат просечна оценка од 7,1. Во исто време, Германија се покажа како една од најнесреќните земји, само Бугарија е полоша од неа (6,5 наспроти 7,1 во 2021 година).

Во 2021 година, граѓаните на Австрија (8,0), Финска (7,9), Романија (7,7) и Холандија (7,6) биле најзадоволни од својот живот , а најнезадоволни биле во Бугарија (5,7).

Според Извештајот на ОН за среќа, првите пет места на најсреќните земји минатата година ги зазедоа Финска , Данска, Исланд, Швајцарија и Холандија. Финска е на врвот на листата петта година по ред. Меѓу 10-те најсреќни земји се Швајцарија, Холандија, Луксембург, Израел и Нов Зеланд. На ранг-листата има вкупно 146 земји.