Која е пејачката со која е “снимен” Златан Ибрахимовиќ? Убавата бринета е синоним за забава, а не и се непознати скандалите (ФОТО)
Многумина во коментарите се пошегуваа дека фудбалерот поради оваа фотографија ќе има проблеми со сопругата Хелена.
Златан Ибрахимовиќ неодамна се прости од фудбалската кариера, а според се реши да си даде малку здив и се забавува по белградските клубови. Многумина се воодушевија кога ја видоа фудбалската легенда која често сака да ја посетува Србија и побрзаа да се сликаат со него, а на една од фотографиите што се појавија на социјалните мрежи се гледа Златан во прегратка на згодна бринета. Додуша, многу луѓе се прашуваа која е оваа убавица.
Станува збор за пејачката Ивана Бојановиќ , која е позната по тоа што создава одлична атмосфера во белградските клубови и сплавови, а Златан навистина уживаше во нејзиното друштво. Ивана Ива Бојановиќ е позната и по тоа што пред неколку години наводно го обвини пејачот Чемо дека ја тепал, но никогаш повеќе не се изјаснила на оваа тема.
Многумина во коментарите се пошегуваа дека Ибрахимовиќ поради оваа фотографија ќе има проблеми со сопругата Хелена со која е заедно од 2002 година и заедно добија два сина. Тие го добија својот прв син Максимилијан во 2006 година, две години подоцна добија уште еден син – Винсент. Со нив двајца Хелена редовно ги следи натпреварите на Златан.
Да потсетиме, Хелена и Златан се запознале на многу необичен начин кога тој со своето Ферари ѝ го блокирал Мерцедесот, а како што во една прилика рекла „тогаш не му обрнувала ни внимание“, пренесува српски Курир .
-Кога го запознав Златан, тој имаше 21 година, а јас 32. Имав кариера и богатство, не ми требаше фудбалер да ме поддржува. Бев независна, а тој не беше ни мој тип на маж – изјави Хелена за Elle. И покрај тоа што Хелена е 11 години постара од Златан, тие двајца важат за еден од најхармоничните парови на светот, а својата интимност вешто ја кријат од очите на јавноста. Со оглед на тоа дека Ибра е познат по тоа што добро се забавува, неговата сопруга сигурно нема да има ништо против да биде во друштво на убави жени.