Во никој случај не сте задоволни од пирето што го подготвувате? Пробајте го овој трик, благодарение на кој ќе има идеален вкус.
Имено, многу искусни готвачи го готват и во млеко бидејќи нема да се распадне, а ќе биде мекo. Потребни ви се 800 грама компири и 400 милилитри млеко.
Излупете ги компирите, исечете ги на четвртинки, ставете ги во тенџере и варете ги во вода околу 10 минути. Во меѓувреме загрејте го млекото и по десетина минути исцедете ги компирите и прелијте ги со млекото.
Посолете, измешајте и варете покриено на тивок оган околу 20 минути.
Отстранете го капакот за млекото малку да испари. По желба додадете путер и варете уште пет минути, па изгмечете го и послужете. Пријатно!