Која е убавицата со хиџаб која се појави во Кан? Се крие од очите на јавноста, а успесите се нижат еден по друг! (ФОТО)

Фестивалот во Кан собра бројни ѕвезди од целиот свет. Познатите дами имаа со што да се пофалат, но кога се појави убавица со хиџаб – сè запре. Станува збор за 26-годишен модел, а се вика Икрам Абди Омар.

Таа привлече големо внимание на премиерата на филмот „Firebrand“ a беше облечена во црно, од глава до пети. Нејзините самоуверени фотографии ги преплавија социјалните мрежи!

Икрам Абди Омар еднаш рече дека хиџабот е синоним за убавина и скромност, но и самодоверба. Таа на светската јавност и’ се претстави во 2019 година кога влезе во модната индустрија и беше првата британска манекенка со хиџаб која се појави на насловната страница на Вог.

Тогаш имаше само 21 година, а пред четири години стана заштитно лице на модната куќа Бурбери.

– ,,Ми се допаѓа како секој може различно да се изразува и да ја пренесе својата порака преку облеката. Мојата улога во оваа индустрија ја гледам како зајакнување на жените бидејќи покажува дека жените имаат избор да се облекуваат како што сакаат, без разлика дали тоа вклучува покажување на телото или не, и сепак да се чувствуваат брилијантно“, рече Икрам, која живее во Бристол.

Инаку, Икрам ги напуштила студиите за да се занимава со манекенство, а семејството не ја поддржувало. Кога постигнала бројни успеси, семејството ја прифатило нејзината одлука, но со забелешка од нејзиниот татко дека така ќе биде сè додека нејзината работа не ги нарушува нејзините религиозни убедувања.