Која храна содржи јод и како најефективно да се надомести недостатокот

Јодот е еден од основните минерали неопходни за правилен психофизички развој. Потребен е за создавање на нови нервни клетки и нивно оптимално функционирање, но и за функционален метаболизам и спречување на бројни болести, не само на тироидната жлезда.

За кои функции во телото ни е потребен јод?

Овој микронутриент е еден од најважните во бременоста поради нормалниот развој на мозокот на бебето. Покрај тоа, правилниот раст и развој на коските, нервите и мускулите зависи од доволен внес на јод.

Јодот оправдано најчесто се поврзува со функцијата на тироидната жлезда, бидејќи околу 60 проценти од вкупната количина на јод во секое тело се наоѓа во овој важен орган. Синтезата на тироксин и тиронин, тироидни хормони одговорни за најголемиот број метаболички процеси во телото, е невозможна без доволна количина на јод. Создавањето нови клетки е исто така неопходно за поуспешна одбрана од инфекции, настинки и други болести, а јодот исто така игра улога во промовирањето на смртта на старите, оштетените или заразените клетки.

Јод: Колку од овој минерал ни треба дневно?

Се проценува дека една третина од светската популација страда од дефицит на јод. Просечниот возрасен има потреба од 150 до 200 микрограми јод дневно. Бидејќи јод не се создава во телото, односно нашето тело не е во состојба сам да го произведе, потребно е да го внесе преку храна во доволни количини. Еве кои намирници содржат најмногу јод.

1. Алги

Покрај тоа што е еден од најдобрите природни извори на јод, морските алги се добар извор на антиоксиданси, витамини и други минерали. Исто така, тие се многу нискокалорични. Количината на јод во морските алги може да варира во зависност од видот на алгите, регионот каде што се одгледувале и начинот на подготовка.

2. Млечни производи

Млечните производи се главните извори на јод во некои региони во светот (САД). Според студиите, предничат млекото, јогуртот и сирењето, но има и разлики. Една чаша јогурт обезбедува околу половина од дневната препорачана вредност на јод за возрасни. Количината на јод во сирењето варира во зависност од видот, но најпрепорачливи се младите сирења.

3. Јодизирана сол

Земјите каде што се продава нејодизирана сол имаат проблем со суплементацијата на јод. Јадењето половина лажичка јодизирана сол дневно обезбедува доволно јод за да се спречи недостаток на овој минерал. Сепак, не треба да заборавиме дека многу луѓе и хронично болните мораат да го контролираат внесот на сол пред сè поради високиот крвен притисок (четвртина од населението). Затоа, тие мора да го компензираат недостатокот на јод од други извори, односно храна.

4. Туна и бакалар

Туната е исто така нискокалорична храна со висока содржина на протеини и јод. Покрај тоа, тој е добар извор на калиум, железо и витамини од групата Б, како и омега-3 масни киселини, кои можат да го намалат ризикот од срцеви заболувања. Масната риба содржи помалку јод, но туната сепак е добар извор. Сепак, шампион во содржината на јод е бакаларот, кој содржи неспоредливо помалку масти од туната и поголема количина на јод.

Има приближно 63-99 микрограми јод во 85 грама бакалар, или 42-66 проценти од дневната препорачана количина.

5. Јајца

Едно цело јајце е цврст извор на протеини, здрави масти и широк спектар на витамини и минерали, вклучително и јод. Повеќето од овие хранливи материи, вклучително и јод, доаѓаат од жолчката. Во просек, едно големо јајце содржи 24 mcg јод или 16 проценти од дневната вредност на јод.

6. Суви сливи

Во пет суви сливи има 13 mcg јод или околу 9 проценти од дневната вредност на јод за возрасни. Високата содржина на растителни влакна, витамини К, А, калиум, железо, ги прави сливите исклучително здрави затоа што тие го подобруваат здравјето на срцето, го намалуваат ризикот од карцином на дебелото црево, па дури и помагаат во контролата на тежината со намалување на апетитот.

8. Ракчиња

Ракчињата се нискокалорична морска храна богата со протеини, што е многу добар извор на јод. Покрај тоа, тие обезбедуваат клучни хранливи материи како што се витамин Б12, селен и фосфор. И ракчињата и другите морски плодови се добри извори на јод бидејќи апсорбираат дел од јодот што природно е присутен во морската вода.