Мапа на Твитер покажа како со една реченица да ги испровоцирате Балканците: Не е тешко да нè налутите, но кога ќе го слушнеме ова, ни паѓа мрак пред очи

На Твитер се појави интересна карта на Европа, која на хумористичен начин покажува кои реченици најбрзо ќе провоцираат одредени народи.

Дури и Илон Маск ја коментираше публикацијата кој смета дека авторите не направиле голема грешка. Некои би рекле дека не е тешко да се изнервира Балканецот, но еве што вели мапата, кои реченици веднаш би нè извадиле од такт.

За Србија, се вели дека реченицата,, Тесла е Хрват или Американец“ ќе предизвика жестока дебата, Босанците најмногу би биле испровоцирани доколку ги наречете „турски Срби“, додека за Хрватите е навреда да ги нарекувате „Срби католици“.

Доволно би било за Македонците да кажете дека се „измислени во 91“, а од непознати причини Црногорците не се прикажани на картата.

Кога станува збор за медитеранските земји, „неуспешна економија“ се однесува на Грците, „тестенини со кечап и сепаратизам“ за Италија, а за Шпанците би било провокација да им кажат дека се „гласни и досадни“.