Кој бил Чарли Чаплин: Шармантниот скитник кој го шармираше светот со својот хумор или жестокиот психопат опседнат со тинејџерки!? (ФОТО)
Чарли Чаплин беше легенда на седмата уметност во секоја смисла. Тој беше предвесник на најсветлите холивудски ѕвезди на денешницата, но и на самиот филм како таков. Комичар по професија, кој во своите филмови комбинираше хумор, пантомима, импровизација, циркус.
Колку и да беше брилијантен во деловниот живот, неговиот приватен живот отсекогаш заинтригирал многумина. Некои денес дури го нарекуваат предатор и манијак, кој бил опседнат со тинејџерки и во суштина многу суров маж.
ДЕТСТВО
Чарли Чаплин е роден на 17 април 1889 година во Лондон и неговото детство не било воопшто добро. Кога имал само пет години, татко му починал, а мајка му доживеала нервен слом.
После тоа тој стана бездомник и неговиот живот во тоа време беше вистински пример за беда и сиромаштија. Тој работел сè за да заработи корка леб. Меѓу другото, бил вратар, бербер, продавач, градежен работник, но цело време се занимавал со танцување и акробации.
Извесен период бил во дом за напуштени деца, по што станал член на мала детска театарска трупа. Во еден момент го споредуваа со тогашниот „крал на комедијата“ Мек Сенет, со кој потпиша договор за снимање на првиот филм.
Наскоро почнал да прави сè сам – да режира, да пишува сценарија и да ги монтира повеќето филмови.
Од сиромашен бездомник до првата суперѕвезда на светот
Во тој момент, Чарли Чаплин од момче без родители, кревет, дом и пари стана најголемата ѕвезда што светот ја имаше во тие години и ѕвезда каква што светот не ја видел до тогаш.
Првата суперѕвезда од таков калибар – сите знаеја кој е, сите го обожаваа и секаде му беа отворени вратите.
Во 1914 година, Чарли го создаде сега познатиот хобо лик и неговиот карактеристичен костим. Големи панталони, беретка, чевли неколку броја поголеми и бастун. Сето тоа стана карактеристика на неговиот познат филмски лик, кој го видоа милиони луѓе ширум светот.
– Сакав да биде контрадикторно: широки панталони и тесен капут, премала капа и преголеми чевли – напишал Чарли во својата биографија.
Некои од неговите најпознати филмови се „Големиот диктатор“, „Сценски светла“, „Светлата на градот“, „Златна треска“, „Модерни времиња“…
Неговиот дело во филмската историја го одбележа и Оскар за Животно дело во 1972 година.
Познатиот италијански режисер Федерико Фелини за Чарли рекол дека „тој е еден вид Адам од кој се родени сите актери“.
Се оженил со малолетна девојка за да не биде обвинет за силување
Чарли Чаплин се оженил четири пати и секогаш со многу помлади девојки, од кои две биле малолетни. Неговиот втор брак беше со американската актерка Лита Греј.
Како што пишува во документите за развод кои се пронајдени подоцна, Чарли ја заведувал кога тој имал 35 години, а таа само 15. Лита наводно забременила на шеснаесет години и Чаплин сакал таа да абортира, но нејзината мајка не и’ дозволила.
Таа му рекла на Чаплин дека ќе го пријави во полиција бидејќи според законите во Калифорнија секоја сексуална врска со малолетник е силување.
Чаплин немал избор. Бидејќи не сакал да оди во затвор, се согласил на брак.
Сепак, тој тогаш ветил дека ќе и’ го отежне животот на Лита.
– Овој брак нема долго да трае. Толку ќе ти го отежнам животот што нема да сакаш да живееш со мене – рекол тогаш Чаплин.
Според тој документ, тој постојано и’ поставувал некои перверзни барања, од групен секс до некои други бизарни работи.
Неговите барања биле толку одвратни, понижувачки и навредливи за Лита и биле навреда за нејзиното лично достоинство.
Тие имале две деца, но по две години брак се разведоле во 1937 година. Тоа беше најскапиот развод во тоа време, бидејќи судот ѝ додели на Лита неверојатни половина милион долари во тоа време.
Некои од деталите за „изопачените сексуални желби на Чаплин стигнаа до медиумите, што ја згрози тогашната публика, па можeja да се слушнат сè повеќе барања неговите филмови да бидат забранети во Америка.
Водел љубов со 2.000 жени
Лита не е единствената премлада девојка во неговиот живот. Тој се оженил со својата прва сопруга Милдред Харис кога имала 16 години, исто така откако дознал дека е бремена.
Подоцна се испоставило дека таа сепак не била бремена туку го излажала, но подоцна го добиле синот Норман, кој починал три дена подоцна. Тој исто така беше во брак со неа две години.
Тој ја запознал својата трета сопруга – Полет Годард – кога таа имала 21 година, а тој имал четириесет години. Тие беа во брак четири години.
Подоцна ја запознал својата четврта сопруга Уна О’Нил, која тогаш имала 18 години, а тој имал 54 години. Тие останаа заедно до смртта на актерот и добија осум деца.
Чаплин еднаш рекол дека спиел со две илјади жени. Неговото однесување во тоа време беше многу контроверзно, а денес, особено по скандалот со Харви Вајнштајн, во американските медиуми можат да се најдат многу написи во кои Чаплин се опишува како типичен пример на сексуален предатор и садист.
Брзо ги заведувал а потоа ги оставал жените, а познато е дека платил најмалку два абортуси.
Чаплин почина на Божиќ 1977 година и беше погребан во Швајцарија каде што живеел во последните две децении од својот живот.
Интересен е податокот дека непознати киднапери го украле неговото тело, односно посмртните останки три месеци по неговата смрт. Од сопругата Уна Чаплин побарале откуп од 600.000 долари, но полицијата успеала да ги уапси крадците.
Дури и мала планета откриена од советските астрономи во нашиот систем беше именувана по него – 3623 Чаплин.
Нему му се подигнати споменици во повеќе земји. Меѓу другите места на плоштадот Лестер во Лондон, како и во Индија, Италија, Словачка, Шпанија, Полска, Швајцарија и Ирска.