Ќерката на Ѓорѓе Балашевиќ го пријавила невенчаниот сопруг за семејно насилство

Актерката Јована Балашевиќ (42), ќерка на починатиот музичар Ѓорѓе Балашевиќ, го пријавила својот невенчан сопруг Александар Јовановиќ за семејно насилство.

Како што пишуваат локалните медиуми, парот најпрвин имал вербален конфликт во станот во кој живеат заедно, од кој Јована планирала да се исели, па дошла да си ги собере работите..

Потоа ја заклучил во станот и и’ рекол да повика полиција, по што таа стапила во контакт со нејзината мајка Оливера Балашевиќ (63) која ги контактирала надлежните.

– Не би кажала ништо на таа тема, поради децата и семејството. Точно е дека го пријавив сопругот, постапката е во тек. Тоа е сè што можам да кажам засега, ве молам разберете – кратко изјави Јована.

Според информациите од ПУ Нови Сад, на Александар, инаку поранешен претседател на Градското собрание на Нови Сад, му е поднесена кривична пријава за семејно насилство.