Кој води љубов четири пати месечно, не игра за Атлетико! Симеоне ги шокира сите кога ја откри оваа информација (видео)
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне е еден од стручњаците со најдолг стаж на клупата на еден клуб. Тој на клупата на тимот од главниот град на Шпанија е од 2011 година, а многу се зборува за неговата харизма.
Така, пред неколку месеци една новинарка сакала да се пошегува со него и почнала да зборува за секс, но Симеоне не можел да се збуни.
– Студијата покажува дека Шпанците имаат секс во просек 56 пати годишно. Дали сте Шпанец или Аргентинец во овој поглед – прашал новинарот, а Симеоне не дозволил да се збуни.
– 56 пати годишно? Колку му доаѓа месечно? Четири пати? Не не! Ако имате секс само четири пати месечно, не можете да играте во мојот тим!
Следното прашање за Симеоне беше колку пати во просек неговите играчи имаат секс на месечно ниво.
– 15 пати месечно? Нема да ви ги кажам точните податоци, но имаме добар просек – изјави тренерот на Атлетико.