КОЈ Е НАЈДОБАР? Тројца кандидати за прв фудбалер на планетата

Одлуката ќе биде донесена на 15 јануари.

Аргентинецот Лионел Меси, Норвежанецот Ерлинг Халанд и Французинот Килијан Мбапе се најдоа во потесниот избор за наградата „Најдобар“. за најдобар фудбалер во светот во 2023 година.

Меси, Халанд и Мбапе беа и кандидати за Златната топка на „Франс Фудбал“, која во октомври му припадна на капитенот на светскиот шампион Аргентина.

Кандидати за најдобра фудбалерка се Аитана Бомати и Џени Хермосо од Шпанија и Лина Каиседо од Колумбија.

Свечената церемонија ќе се одржи на 15 јануари во Лондон.