УКРАИНА НИ НА КРАТКО НЕ МОЖЕ ДА СЕ РАДУВА! Орбан откри зошто не го блокирал почетокот на преговорите меѓу Киев и ЕУ

Унгарија блокираше 50 милијарди евра помош од ЕУ за Украина само неколку часа откако беше постигнат договор за почеток на преговорите за членство.

Унгарија не ги спречи земјите членки да одлучат да започнат преговори со ЕУ бидејќи ќе имаат можност да го стопираат процесот уште 75 пати, а конечната одлука ќе ја донесат парламентите на 27 земји, изјави премиерот Виктор Орбан.

– Одлучувачкиот аргумент беше дека Унгарија не губи ништо со оглед на тоа што 27 парламенти треба да го кажат последниот збор за членството на Украина. Вклучувајќи го и унгарскиот. Значи, ако не сакаме Украина да стане членка на ЕУ, тогаш унгарскиот парламент ќе гласа против – изјави Орбан за Радио Кошут.

Унгарскиот премиер наведува дека има долг пат пред членството на Украина да се најде на агендата на парламентите членки на ЕУ.

– Тоа ќе биде долг процес. Има приближно 75 случаи во кои унгарската влада ќе може да го запре овој процес – додаде Орбан.

Да потсетиме, Унгарија во текот на ноќта блокираше 50 милијарди евра помош од ЕУ за Украина, само неколку часа откако беше постигнат договор за почеток на преговорите за членство.

– Резиме на ноќната смена. Вето за дополнителни пари за Украина – напиша унгарскиот премиер Виктор Орбан околу 3 часот по полноќ на социјалната мрежа Х по разговорите на самитот на ЕУ во Брисел.