КОЈ КОГО ОБВИНУВА !? Кремљ збори едно, додека Киев сосема друго – кој е виновен за “мистериозниот“ пад на рускиот авион ?
Во четвртокот Кремљ го осуди „монструозниот чин“ на Украина по падот на рускиот воен авион, за што го обвини Киев.
„Фактот што ги убија сопствените затвореници, сопствените граѓани кои практично требаше да се вратат дома за 24 часа, е монструозен чин“, посочи портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Според Москва, авионот што се урна во средата на 45 километри од границата со Украина, во руската област Белгород, превезувал 65 украински воени заробеници на размена.
Русија соопшти дека нема преживеани откако Киев го собори авионот Il-76 со 65 украински воени заробеници, шест руски членови на екипажот и тројца придружници.
„Никој не може да каже какво влијание ќе има тоа врз изгледите за продолжување на процесот на размена на затвореници“, предупреди Димитриј Песков.
Киев ниту потврди ниту демантираше дека авионот бил соборен од украинско оружје, како што тврди Москва.
Во четврток Советот за безбедност заседава итно поради овој случај на барање на Москва.
Како што јавува BBC во четвртокот, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја обвини Москва дека „игра со животите на украинските затвореници“. Тој побара меѓународна истрага по несреќата.
Украинската воена разузнавачка служба соопшти дека не и било кажано да обезбеди безбеден воздушен простор, како во претходните прилики.
Во своето видео обраќање доцна во средата, Володимир Зеленски кажа дека „очигледно е дека Русите си играат со животите на украинските затвореници, со чувствата на нивните роднини и со емоциите на нашето општество“.
На видеото споделено на социјалните мрежи се гледа авионската несреќа проследена со експлозија и огнена топка во близина на селото Јаблоново, 70 километри североисточно од градот Белгород.
Регионалниот гувернер на Белгород, Вјачеслав Гладков, изјави дека авионот се урнал во поле во близина на станбена зона и дека сите во авионот загинале.
Украинскиот Генералштаб, цитиран од украинските медиуми, првично соопшти дека авионот носел ракети за руските системи за против-воздушна одбрана S-300. Тој не ги спомна воените заробеници.