КОЈ СТОИ ЗАД НАПАДОТ НА БОЛНИЦАТА ВО ПОЈАСОТ ГАЗА – “Дали знаете што направија Израелците во саботата ? Тие рекоа дека тоа е само предупредување!“

Официјални лица од Појасот Газа во средата изјавија дека болницата „Ал-Ахли“ била оштетена од две израелски гранати пред четири дена, по што израелските одбранбени сили ја предупредиле управата на болницата да ги евакуира луѓето, објави CNN.

Јусеф Абу Ал-Риш, заменик-министер за здравство во Појасот Газа, вели дека две израелски гранати ја погодиле болницата во саботата.

Јусеф Абу Ал-Риш тврди дека следниот ден ИДФ стапила во контакт со првиот човек на болницата, д-р. Махер Ајад и го критикувале што не ги евакуирал луѓето од установата.

Јусеф Абу Ал-Риш вели дека ИДФ му кажала на Махер Ајад дека гранатите биле предупредување. 

На управителот на болницата му рекоа – вчера ве предупредивме со две гранати, зошто до сега не ги евакуиравте луѓето од болницата“, изјавил Јусеф Абу Ал-Риш.

ИДФ односно израелската Армија сè уште не одговори на овие обвинувања.

Израелската Армија тврди дека залутана палестинска ракета е одговорна за експлозијата во болницата, во која загинаа неколку стотици луѓе. Тие во средата објавија и видео за кое тврдат дека тоа го докажува нивното тврдење.

На објавеното видео се гледа болницата „Ал-Ахли“ во Појасот Газа и се споредуваат снимките пред и по смртоносниот инцидент. Израелските одбранбени сили (ИДФ) тврдат дека нема кратери, што е вообичаено по воздушните напади, и дека нема докази за директен ракетен напад бидејќи нема структурни оштетувања на зградите околу болницата.

ИДФ ја обвинува палестинската милитантна организација Исламски Џихад за катастрофата, а тие го отфрлаат истото обвинување.

Портпаролот на израелската Армија, Џонатан Конрикус изјави за CNN дека ИДФ има докази за разговори меѓу членовите на Хамас кои разговараат за она што се чини дека е грешка со ракетата што падна во Појасот Газа. ИДФ тврди и дека Палестинците го зголемиле бројот на жртвите и дека во изминатите 11 дена околу 450 ракети истрелани од Појасот Газа паднале во самиот Појас Газа, пренесува медиумската агенција Reuters.

Џонатан Конрикус истакнува дека непосредно пред инцидентот, од централниот или северниот дел на Појасот Газа кон Израел биле истрелани ракети, што било снимено од нивниот радарски систем.

Министерството за надворешни работи на Израел објави и наводен прислушуван разговор меѓу двајца оперативци на Хамас во кој се слуша како тие зборуваат за болницата „Ал-Ахли“ погодена од неуспешна ракета истрелана од Појасот Газа. Аудио-снимката од повикот беше пуштена на прес-конференција на ИДФ. На аудио-снимката се слуша дека се работи за локална ракета, а не за израелски ракети, а истиот разговор можете да го слишнете ОВДЕ.

Палестинската страна, пак, тврди дека нема ракети што би предизвикале толку силна експлозија, дека снимката од нападот не се совпаѓа со времето на експлозијата во болницата, а укажува и на наводни најави од Израелците кои најавуваат голем напад пред експлозијата.

Претседателот на САДЏо Бајден, изјави во средата дека Вашингтон ќе му снабди на Израел се што му е потребно за да се одбрани во војната против Хамас, милитантното палестинско движење, истовремено сугерирајќи дека палестинската страна стои зад експлозијата во болницата во Појасот Газа.

Џо Бајден слета во Израел и се сретна со премиерот Бенјамин Нетанјаху. Тој вели дека Хамас е полош од Исламска Држава бидејќи уби цивили во ненадеен напад на 7. октомври, кој предизвика судири. Џо Бајден кажа дека тогаш биле убиени и 31 Американец.

Тој нагласи дека е „тажен и лут“ поради експлозијата во болница во Појасот Газа во вторникот. Хамас тврди дека таму загинале неколку стотици луѓе.

Од она што го видов, се чини дека другата страна го направи тоа, а не вие. Но, таму имаме многу луѓе кои не се сигурни, така што имаме многу – имаме многу да надминеме“, порача американскиот претседател.