Кој тип на чоколадо има помалку кофеин и не влијае на вашиот сон

Повеќето чоколади имаат кофеин, но количината варира во зависност од процентот на какао

Без разлика дали сте на строга диета или следите одреден режим секој ден од животот, да се разбереме, чоколадото е едно од најголемите животни задоволства. Особено кога се консумира на вечера, по напорниот ден помеѓу работните и семејните обврски.

Меѓутоа, знаејќи дека чоколадото содржи кофеин, дали тоа влијае на квалитетот на вашиот сон?

Не само кафето, црниот чај или енергетските пијалоци можат да ве држат будни долго откако ќе ја ставите главата на перницата. Има и храна со кофеин, вклучувајќи го и чоколадото.

„Повеќето чоколади имаат кофеин, но количината варира во зависност од процентот на какао, како се обработува и други фактори“, вели нутриционистот Меди Паскариело.

„Во млечното чоколадо има околу 20 мг кофеин на 100 грама чоколадо“, вели Пасквариело, пишува Well+ Good.

„Во темното чоколадо, нивото може да се зголеми повеќе.

Кое чоколадо има најмногу кофеин?

Во принцип, колку е погорчливо чоколадото, толку повеќе има кофеин. „Темното чоколадо има најмалку три пати поголемо количество кофеин во споредба со млечното“, додава таа.

Белата чоколада, од друга страна, нема кофеин, бидејќи е направена со путер од какао наместо цврсти материи од какао, кои содржат кофеин, како и други корисни состојки, вклучувајќи магнезиум, железо и антиоксиданси.

Значи, најмногу кофеин има темното чоколадо, потоа млечното и на крај белото чоколадо.