КРАДЕЦ ПРОВАЛИЛ ВО КУЌА ВО ГЕРМАНИЈА: ПОЛИЦИЈАТА НЕ МОЖЕЛА ДА ПОВЕРУВА ШТО УКРАЛ, НЕ СЕ ПАРИ НИТУ НАКИТ

Крадец во северна Германија провалил во куќа за време на викендот не барајќи пари или накит, туку вкусно парче чизкејк, соопшти полицијата. Еден човек провалил во куќа во градот Рендсбург во саботата вечерта и веднаш седнал на масата во кујната да ужива во украденото парче чизкејк.

Станарот кој седел во дневната соба слушнал звуци од кујната и влегол внатре го затекнал непознатиот како јаде торта. Провалникот веднаш избегал низ прозорецот и исчезнал преку покривот. Полицијата пристигнала, но не успеала да го пронајде виновникот. Ништо не недостасувало од куќата освен делумно изедена торта.