Кралицата на десертите која ве враќа во детството и ќе биде најубавото викенд изненадување за вашето семејство: Лепа Брена торта

Ви пренесуваме рецепт за торта која беше многу популарна во осумдесетите.

Состојки за една кора:

6 белки

12 лажици шеќер

12 лажици ореви

2 лажици брашно

Состојки за фил 1:

18 жолчки

200 гр шеќер

150 гр чоколадо

1 маргарин

Состојки за фил 2:

300 гр ореви

100 мл млеко

125 гр маргарин

200 гр шеќер во прав

Подготовка:

Од горенаведените состојки печете три кори на 180 степени околу 15 минути секоја кора.

Најпрво изматете ги белките и шеќерот, а потоа со рака додајте ги оревите и брашното.

Направете го првиот фил така што ќе ги сварите жолчките и шеќерот на пареа. Кога ќе се свари додадете го чоколадото.

За вториот фил ставете го млекото да зоврие, додадете шеќер и ореви и додадете го изладениот маргарин.

Полнете ја тортата така што ќе ја ставите првата кора, фил 1, па 2 и повторно кора, фил 1, фил 2 и на крај третата кора.