ВИДЕО | Пикси застана пред 60.000 Јапонци- Погледнете ја нивната реакција

Српски репрезентативец Драган Стојковиќ Пикси (58) присуствуваше на натпреварот на својот поранешен клуб Нагоја Грампус. Стојковиќ во својата играчка кариера настапуваше за Раднички, Црвена звезда, Марсеј и Верона, а од 1994 до 2002 година беше член на Нагоја. Тој беше тренер и на тој јапонски клуб во периодот од 2008 до 2014 година.

Стојковиќ на својот Инстаграм објави дека е пречекан од јапонските фанови. Околу 60.000 луѓе едногласно скандираа „Пикси, Пикси“, покажувајќи дека српскиот тренер е легенда на Нагоја. Стојковиќ со видеото напиша: „Секогаш е убаво да се вратам кај моето семејство во Нагоја. Ви благодарам“.