Кралицата на тенисот повторно е бремена: Серена има причина да биде среќна! Нејзината ќерка наскоро ќе добие брат или сестра
Серена Вилијамс повторно блеска! А, како не кога повторно ќе стане мајка.
Серена Вилијамс, жената која има 23 Грен слем титули во женска конкуренција, се појави во понеделникот вечерта на престижната модна манифестација „Мет Гала“ во Њујорк.
Таа на церемонијата пристигна со сопругот Алексис Оханијан, гордо посочувајќи дека чека второ дете.
Познатата тенисерка во 2017 година ја роди ќерката Олимпија, а неодамна изјави дека сака да го прошири семејството.
„Бев толку возбудена кога Ана Винтур нè покани тројцата на Мет Гала“, рече Серена во објавата на TikTok.
Вилијамс е долгогодишен пријател на главната уредничка на Вог, Ана Винтур. Често присуствува на престижни модни настани, чии приходи се наменети за Музејскиот институт за костими на музејот „Метрополитен“.
На снимката од црвениот тепих се гледа избраникот на Серена, Алексис Оханијан, претприемач и еден од основачите на Редит, како нежно го држи за рака стомакот на својата 41-годишна сопруга.