КРАЛОТ НА ЕСТРАДНИТЕ ДАЛАВЕРИ – Наместил повеќе од 80 натпревари во Југославија, Тито наредил да не го затвараат, ги пустошеше казината (ВИДЕО)
Имаше три обиди за атентат врз мене. Првите два биле во Тузла и во Прибој на Лим кога крадев бодови за Вардар, а третиот требаше да биде во Скопје кога бев спасен од Томо Аврамски. Тогаш во Скопје дојде еден од убиците на Аркан. Ова во ексклузивното интервјуто за емисијата Во Центар ( која се емитува вечерва во 22 часот на YouTube каналот Vasko Eftov ) го изјави Велибор Џаровски Џаро.
Тој намести повеќе од 80 натпревари во стара Југославија, а урбаните легенди за овој харизматичен сплеткарош и денес се раскажуваат.
Популарниот Џаро е апсолутен крал на фудбалските местење и естрадни марифетлуци од стара Југославија.
Џаровски беше менаџер на најголемите поп ѕвезди од 80-тите. Ги застапуваше Здравко Чолиќ, Бјело Дугма, Миша Ковач, Тереза Кесовија и многу други. Благодарение на таа работа запознал многу влијателни луѓе, директори на сали, судии…
Првиот меч што го наместил бил меѓу Југококта и Тиквеш и платил 500.000 динари за да се одигра онака како што си замислил. Верувале или не, тој успеа да договори нисколигашки натпревар во Македонија да заврши со резултат 134:0. Тоа беше меч меѓу Лескоец и Велгошти, кој се одигра далечната 1971 година. Џаро мораше да направи таков резултат бидејќи се плашеше дека конкуренцијата нема да направи уште поголема разлика.
Му се заканувале со затворска казна од 15 години. Го ослободија по 90 дена.
Џаровски еднаш ја откри својата “технологија”.
“Во секој клуб имате играчи кои се коцкари, им требаат пари за куќа, сакаат нов автомобил или имаат љубовница која треба да ја издржува. Нормално е што ги запознав играчите на стадионите, каде што правев концерти. Зборував и со управата на клубовите. Влегувам во соблекувалната на судијата и му велам: “Не вадите картони, денес играат два пријателски клуба. И секому му е јасно”.
Јосип Броз Тито наводно еднаш рекол за овој харизматичен Македонец:
“Не го допирајте! Па, тој го прави тоа на симпатичен начин.”
“Претпоставувам дека ја прочитал статија за мене во која пишувало дека сум најголемиот режисер во титоизмот, по што низ смеа изјавил дека мислел дека нема поголем режисер од него. Се реванширав со тоа што лично ја организирав таа година штафетата тргна од рудникот Стари трг. Само јас можев да го помислам тоа”, открива Џаровски.
Да немаше сериозна политичка заднина, никогаш немаше да може толку лежерно да прави криминали.
“Секако, имав и политички грб, и тоа широк, инаку уште ќе бев во затвор. Еден од моите заштитници беше Стане Доланц, тогашниот шеф на тајната и јавната полиција на Југославија, човекот кој сакаше да наследи Тито. Ме заштитуваше и сопственикот на клубот кој беше шампион на скратена Југославија, пред Звезда и Партизан.Ми беше голем пријател (очигледно мисли на Жељко Ражнатовиќ Аркан) Се одморавме заедно и се коцкавме во казина. Другиот мој покровител и денес е кралот на свети Стефан”, откри Џаровски.