“Кралот на Инстаграм“ познат по “голите забави“ и оргиите ја откри својата шокантна последна желба: “Ќе го направам тоа!“
Ден Билзериан е самопрогласениот „Крал на Инстаграм“, Плејбој и новиот Хју Хефнер кој своето богатство го стекна како професионален играч на покер. Сега тој во интервју за LADBible откри дека му останала една животна желба. Тој призна дека има се, но сака да стане милијардер.
„Сакам да станам милијардер. Тоа е мојата последна желба“, рекол тој и додал дека не се работи за пари.
„Не се работи навистина за парите. Ќе направам разлика во мојот живот. Всушност, една од работите што сакам да ја направам ако станам милијардер е да одам да работам во маркетите на Walmart шест месеци, да живеам во ебен стан и целосно да се ресетирам. Ќе го направам тоа некое време. Тоа е последната планина што сакам да ја искачам“, заклучил тој.
Потсетуваме, овој милионер се стекна со голема слава во 2013 година, кога на телевизија беше прикажана сцена од казино во Лас Вегас, каде што беше на маса опкружен со десетици убавици.
Тој е шампион во покер вреден 100 милиони долари и живее раскошен начин на живот. Тој има имоти во Лас Вегас, Лос Анџелес и Сан Диего. Ден Билзериан ги следи стапките на својот татко, Пол Билзериан, кој ја презеде компанијата Singer and Hammermill Paper Company и на 36-годишна возраст веќе имаше 40 милиони долари.