По неколку месеци, кралот Чарлс се вратил на своите кралски должности.
Во февруари Бакингемската палата објави дека на кралот му бил дијагностициран рак, а деновиве е постигнат напредок во неговото лекување.
Сега тој го посети Центарот за третман на рак во Лондон со кралицата Камила.
Денот го поминал со пациентите, кои му подарувале и подароци, а тој и неговата сопруга постојано се смешкале. Едно мало девојче му подари на Чарлс букет цвеќе, кое тој го прифати со насмевка.
Инаку, од палатата соопштија дека кралот се враќа на своите должности. Иако нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, од палатата се оптимисти и испраќаат охрабрувачки вести.