Британскиот крал Чарлс Трети нема да присуствува на церемонијата на Денот на Комонвелтот, а неговите должности ќе ги преземе неговата сопруга, кралицата Камила, соопшти денеска Бакингемската палата.
Чарлс претходно беше принуден да се повлече од своите кралски должности откако минатиот месец му беше дијагностициран рак, па нема да може да присуствува на прославата следниот понеделник во Вестминстерската опатија и на дочекот што следи, пренесува Ројтерс.
Кралицата Камила ќе биде на чело на групата присутни членови на кралското семејство, во која ќе биде и престолонаследникот, принцот Вилијам.
Кралот Чарлс III е шеф на Комонвелтот од 56 земји кои беа создадени по пропаста на Британската империја.