Кралското семејство го крие ова со години: Принцезата Маргарет имала сериозен инвалидитет – нејзината мајка правела нелегални работи за време на бременоста
Принцезата Маргарет страдала од фетален алкохолен синдром, открива книга за нејзиниот живот.
Нова книга од американската авторка номинирана за Пулицерова награда Мерил Сикрест тврди дека принцезата Маргарет, помладата сестра на кралицата Елизабета II, можеби страдала од фетален алкохолен синдром (FAS), резултат на консумирање алкохол за време на бременоста на нејзината мајка, кралицата мајка.
Што е фетален алкохолен синдром?
Феталниот алкохолен синдром се јавува кога фетусот е изложен на алкохол во матката. Состојбата може да предизвика сериозно оштетување на мозокот и телото, а преживеаните деца честопати се соочуваат со доживотни тешкотии, вклучувајќи проблеми со движењето, учењето, однесувањето и комуникацијата.
Во книгата со наслов „ Принцезата Маргарет и проклетството: Истражување на кралскиот живот“, која ќе ја објави американската компанија „Скајхорс Паблишинг“, авторката ја анализира личноста и животните борби на Маргарет во светлината на современото разбирање на овој синдром.

Иако принцезата немала класични физички карактеристики на FAS, како што се мазен филтрум и мали очи, во книгата се вели дека таа покажувала и други симптоми, вклучувајќи ненадејни промени во расположението, застој во растот, тешкотии во учењето да се пишува и чести мигрени, објавува The Telegraph.
Сикрест, исто така, цитира сведоштва за навиките на Кралицата Мајка, која наводно пиела алкохол и уживала во пијалоци како џин во текот на денот. Сепак, во писмата од нејзината бременост со Елизабета II, Кралицата Мајка пишува дека не можела да го поднесе погледот на вино, што може да укажува дека пиела значително помалку за време на таа бременост.
Треба да се напомене дека феталниот алкохолен синдром не бил препознаен како медицинска состојба сè до 1970-тите, па затоа е можно Кралицата Мајка никогаш да не била советувана да избегнува алкохол за време на бременоста.
Тврдењата изнесени во книгата остануваат шпекулации, бидејќи нема цврсти докази дека принцезата Маргарет всушност страдала од овој синдром.
Принцезата Маргарет почина во 2002 година на 71-годишна возраст, а во текот на целиот свој живот беше позната по својот бунтовен дух и турбулентни лични предизвици.