КРАЈ НА ‘ГОЛЕМАТА’ ЉУБОВ! Откажана свадбата на годината! 92-годишниот милијардер ненадејно ја раскина свршувачката со 26 години помладата партнерка
Руперт Мардок и Ен Лесли Смит ја откажаа свршувачката, само две недели откако објавија дека се свршиле, пишува Daily Mail.
Минатиот месец 92-годишниот медиумски магнат ја запроси Ен (66 г.), поранешна забна техничарка и за таа прилика купи 11-каратен дијамантски прстен вреден повеќе од два милиони евра.
Парот, кој претходно ја опиша својата љубов како – „Божји дар“, планираше да се венча ова лето.
Сепак, нивната свршувачка денеска ненадејно беше прекината, а парот објави дека по синоќешните разговори дошле до оваа заедничка одлука.
Извор близок до двојката кажа дека на Ен Лесли Смит и е тешко поради огромниот јавен интерес: „Таа едноставно не можеше да се справи со тоа. Таа е многу повлечена. Вчера седнаа и разговараа и се договорија дека е подобро да се разделат. Од друга страна, Мардок прифаќа дека јавноста ќе биде заинтересирана за него и ништо не може да направи за да го промени тоа“.
„Тој и се восхитува, ја почитува и мисли дека е неверојатна жена. Му се допаѓа фактот што таа е толку мирна и толку силна и што ги споделува неговите религиозни верувања“, додал изворот за споменатиот таблоид.
Ен Лесли Смит и Руперт Мардок се запознале во септември во неговото лозје „Морага“ во Калифорнија, а тогаш милијардерот по две недели побарал повторно да ја види.
Медиумскиот магнат Мардок, чие богатство се проценува на 17 милијарди долари, за својот весник New York Post изјави: „Бев многу нервозен. Се плашев да не се заљубам – но знаев дека ова ќе ми биде последно. И подобро е така. Среќен сум“.
Оваа свадба ќе беше петта за Мардок по неговиот последен брак, со супермоделот Џери Хол, кој ненадејно се распадна минатиот јули. Мардок и Хол беа во брак шест години.