КРАЈ НА ЕРАТА НА ‘ГОТВАЧОТ’! Кремљ официјално потврди: “Борците на групата Вагнер повеќе нема да се борат во Украина“

Првиот човек на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, одби да потпише какви било договори со Кремљ, соопшти првиот човек на комитетот за одбрана на Државната Дума (Парламент).

Руската медиумска агенција ТАСС го цитираше Андреј Картаполов дека како резултат на ова одбивање, на Евгениј Пригожин му било кажано дека неговите борци повеќе нема да учествуваат во украинската војна.

РИА Новости исто така известува дека – „дури пред настаните од 24. јуни Евгениј Пригожин бил информиран дека Вагнер повеќе нема да учествува во специјалната воена операција“.