КРВАВА НОЌ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА – Животот го загубија над 700 цивили, луѓето лежат под урнатини

Палестинските цивили во Појасот Газа бараат засолниште во сè потесното подрачје додека Израел ги засилува воздушните, морските и копнените бомбардирања на енклавата. Бомбардирањето претходната вечер беше концентрирано на Кан Јунис и Рафах на југ, велат жителите, а болниците се борат со премногу ранети.

Портпаролот за односи со јавноста на Хамас во неделата изјави дека 700 луѓе биле убиени во израелските напади во изминатите 24 часа и дека многу од загинатите лежат под урнатините, а спасувачите се борат да ги ослободат ранетите и да ги пренесат во болница, пренесува медиумската агенција dpa, додавајќи дека бројот на загинати не е независно потврден. 

Израелската Армија соопшти дека нејзините воени авиони и хеликоптери нападнале цели на Хамас, вклучувајќи тунели, командни центри и складишта за оружје, а поморските сили ги нападнале бродовите на ХамасХамас објави дека истрелал ракети врз крајбрежниот израелски град Тел Авив, но овие тврдења не се независно потврдени.