КРВАВА СВАДБА! Младоженецот ја малтретирал невестата, а потоа нејзините браќа ја превземале работата во свои раце: КАМЕРАТА СНИМИ СЕ
На социјалните мрежи се шири шокантна снимка од свадба на која младоженецот без срам пред гостите демонстрирал грубо однесување кон невестата.
Членовите на нејзиното семејство не можеа мирно да гледаат како младоженецот нервозно и грубо ја влече раката на својата идна сопруга, која се сопна во венчаницата додека се качуваше на бината. Откако нервозно седнал на столот, без да ја чека невестата, му пришол млад човек, наводно брат на невестата и го удрил по лицето.
После тоа започнува голема пресметка во која учествуваа многу гости.
Имено, видеото на Инстаграм го сподели корисникот Сафи Мохамад со порака „Да живее братот на невестата!“.
Објавата беше проследена со многу гневни коментари на корисниците, кои го критикуваа однесувањето на младоженецот, со пораки дека „го доби заслуженото“.
„Попрво ќерка ми да биде сама отколку со ваков маж“, „Правдата е задоволена“, „Задоволен сум од реакцијата на семејството“, гласеа дел од пораките.
Не се знае во која земја или град се случиле немилите сцени.