Крвната група која најмногу ја сакаат комарците

Дали некогаш сте забележале дека комарците каснуваат некои луѓе почесто од другите? Донекаде зависи и од крвната група.

Секоја крвна група има одредени карактеристики. Понекогаш го зголемува ризикот од добивање на одредена болест, а постојат теории дека крвната група дури ги одредува нашите карактерни црти.

Крвната група дури може да определи колку интензивно ќе не каснуваат комарците.

Која крвна група најмногу ја сакаат комарците?

Досега се направени некои истражувања кои покажаа дека се работи за нулта крвна група. Сепак, експертите проценуваат дека зачестеноста на каснување од комарци зависи од многу фактори, пишува aktivna.si.

Што друго ги привлекува комарците?

Други фактори исто така можат да привлечат комарци:

Мирис: Комарците може да бидат привлечени од мирисот на вашето тело.

Боја: Одредени бои што ги носите можат да бидат привлечни за комарците. Сегашните истражувања покажуваат дека најмногу ги привлекуваат црните или темните бои.

Консумација на алкохол: луѓето кои консумираат алкохолни пијалоци може да бидат попривлечни за комарците.

Бременост: се покажало дека комарците се особено привлечни за трудниците.

Комарците можат да пренесат сериозни болести, па затоа е важно да се заштитите од нив, без разлика на крвната група и други фактори, пренесува Danas.rs .