Кремљ потврди дека рускиот претседател Владимир Путин му го подарил неговиот портрет на американскиот претседател Доналд Трамп .
Путин му го дал портретот на Трамп на американскиот специјален пратеник Стив Викоф во Москва претходно овој месец, потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Подарокот првпат го спомна Виткоф во интервју минатата недела со поранешниот водител на Фокс њуз Такер Карлсон. Виткоф му рекол на Карлсон дека Трамп „бил трогнат“ од портретот, кој го опишал како „убав“.
Виткоф се состана со Путин по разговорите со руските претставници за завршување на војната во Украина. Преговорите за прекин на огнот продолжија вчера во Саудиска Арабија, каде што американските претставници се сретнаа со нивните руски колеги, еден ден по средбата со украинските преговарачи.
Во 2018 година му подари фудбалска топка.
За време на интервјуто со Карлсон, Виткоф се присети како Путин му рекол дека се молел за Трамп минатата година кога слушнал дека тогашниот кандидат за претседател на САД бил застрелан на митинг во Пенсилванија.
„Тој се молеше за својот пријател“, рече Виткоф, раскажувајќи ги коментарите на Путин.
Во 2018 година, Путин му подари фудбалска топка на претседателот Трамп. Тајната служба ја проверила топката дали има уреди за слушање пред Трамп да му ја даде на својот син.
Трамп не е првиот актуелен претседател кој добил подарок од Путин. Во 2021 година, Путин му подари на Џо Бајден комплет за пишување во вредност од 12.000 долари кога се сретнаа на самитот во Женева. Тој наводно му испратил на Барак Обама порцелански чинии и шолји за еспресо во 2013 година.