Кремљ: Спречувањето на Украина да влезе НАТО сè уште клучна цел на конфликтот

– Кремљ денес соопшти дека спречувањето на Украина да влезе во НАТО останува една од клучните цели на нејзината „специјална воена операција“, нејзината војна против Украина, која влезе во 14-тиот месец.

„Во спротивно тоа би претставувало сериозна, значајна закана за безбедноста на нашата земја“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на брифингот со новинарите.

Западните аналитичари велат дека кога Русија ја започна војната во февруари 2022 година, Украина воопшто не била блиску до приклучување кон Алијансата. Минатиот септември, таа формално аплицираше за членство во НАТО, иако не е јасно кога и дали некогаш ќе биде примена.

Песков говореше и за посетата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на Киев, велејќи дека Кремљ нема проценки за изгледите за влез на Украина во НАТО.

„Денес Столтенберг пристигна во Киев во ненајавена посета“, соопшти Олексеј Гончаренко, пратеник во украинскиот Парламент.

Посетата е прва посета на Столтенберг на земјата од почетокот на руско-украинската војна во февруари минатата година.