Мажот на својот живот го сретнала додека била бремена: Ја чекал 15 години, а потоа дошло до целосен пресврт! (фото)

Кејт Хадсон, убавата актерка која се прослави со романтичните филмови, денеска го слави својот 44-ти роденден.

Освен во филмот, таа доживеала и романтични бајки во реалниот живот, а меѓу нив се издвојува нејзината сегашна врска со Дени Фуџикава, кој популарната русокоса ја чекал цели 15 години!

Кејт и Дени се во врска од 2017 година, двојката ја има ќерката Рани, а Кејт со поранешните партнери го има синот Рајдер, кој го доби во брак со поранешниот сопруг, пејачот Крис Робинсон, и Бингам, кој го има со нејзиниот поранешен вереник, фронтменот на групата Muse Matt Bellamy.

Кејт во една прилика рекла дека таа ги привлекува музичарите, но признава дека факт е дека тие се привлечени за неа.

– Причината поради која се поврзувам толку добро со музичарите е тоа што сите се поврзуваме со музиката на начин што навистина не мора да го објаснуваме. Едноставно го чувствуваш и тоа е нешто што го сакаш. Иако не е паметно да се биде вљубен во нивниот животен стил – изјави еднаш Кејт.

Инаку, и нејзиниот татко Бил, кој ја оставил неа и нејзиниот брат кога биле деца, е исто така музичар.

Глоди Хоун, нејзината мајка со децении е во врска со познатиот Курт Расел, а Кејт еднаш кажа дека тој многу добро се грижел за неа и како одиграл преголема улога во нејзиниот живот – тој и бил како вистински татко.

Нејзиниот љубовен живот отсекогаш бил на мета на таблоидите и магазините, но сега се чини дека Кејт конечно ја најде љубовта на својот живот.

Дени ја познава Кејт од нејзината 23-та година кога беше бремена и беше во врска со Крис Робинсон. Меѓутоа, музичарот трпеливо чекал 15 години додека конечно не ја добил својата шанса.

Во 2016 година, тој ја покани Кејт да оди на планинарење со него, но не се случи сè толку брзо.

– Она што мислев дека ќе биде само пешачење со пријател, се претвори во неочекуван прв состанок. И не, на тој прв состанок не беше постигнат напредок. Нему му требаа неколку месеци да го направи првиот чекор, бидејќи пријателството кое траеше 15 години требаше да се доведе на повисоко ниво за да можеме да си ги отвориме срцата и да почувствуваме чиста љубов – изјавила Кејт.

Љубовта меѓу нив кулминираше кога станаа родители на ќерката Рани Роуз, а потоа седум години помладиот Дени реши да ја запроси љубовта на неговиот живот.

– Благодарение на него се чувствувам убаво во секое време, дури и кога се караме. Се чувствувам сакано. Поради неговата посветеност кон семејството, се чувствувам безбедно, заштитено и самоуверено. За него семејството е на прво место, тој навистина е семеен човек, изјави еднаш Кејт.