Откако во вторникот објави дека поднела барање за развод од сопругот Тони Бијелиќ , животот на Драгана Мирковиќ стана предмет на бројни шпекулации, но во исто време некои работи од минатото добија нов контекст.
Меѓу другото, стана јасно дека вистината најдобро се крие кога е пред сечии очи , а доказ за тоа беше песната „Крива“, која регионалната музичка ѕвезда ја објави кон крајот на минатата година. Во време кога, според признанието на Драгана, нејзиниот брак веќе бил во криза, таа решила да сними песна која стилски значително се разликува од она што го правела претходно. Сепак, она што е најиндикативно е дека зборовите на песната напишана од Цоби, Бојана Вунтусиревиќ и српската неевровизиска претставничка Теја Дора, целосно ја опишуваат оддалеченоста што таа ја почувствувала во тој момент од нејзиниот животен партнер.