Поднесена е кривична пријава против полициски службеник поради основано сомнение дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.
Министерството за внатрешни работи вечерва соопшти дека се работи за полициски службеник од Крушево кој на 8 ноември лани при службени дејствија прекумерно употребил физичка сила врз Д.Д. при што му нанел тешка телесна повреда.
– Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за организиран криминал и корупција- Одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања поднесе кривична пријава против А.Б., полициски службеник во ПСОН Крушево при СВР Битола поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од КЗ. А.Б. во својство на полициски службеник на 08.11.2023 при преземање на службени дејства, неовластено и прекумерно употребил физичка сила и извршил физичко насилство врз Д.Д., при што му нанел тешка телесна повреда, се наведува во соопштението.
Како што информираат оттаму Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди има поднесено и предлог за утврдување на дисциплинска одговорност, а изречени се и задолжителни мерки А.Б. да биде отстранет од работното место до завршување на постапката.